септември 22, 2024

Откажани 9 летови од скопскиот аеродром, четири биле пренасочени, ТАВ Македонија ги упати патниците да се обратат до авиокомпаниите

Од ТАВ Македонија се огласија поради одложувањето и откажувањето на летовите од скопскиот аеродром поради магла:

“Од 20 часот на први јануари до 9 часот наутро, денеска на втори јануари 2023 година, 9 лета беа откажани, а 4 лета беа пренасочени, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина.

Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираа превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија.

Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања.

Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи.

Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333.”

Read Previous

Интервју со Лукаревска: За да зборуваме за оданочување на богатите, прво треба да ги дефинираме кои се тие

Read Next

СДСМ најави покачување на минималната плата и на пензиите во новата 2023 г.