ноември 23, 2024

Синот на Али Ахмети ќе произведува струја

Името на синот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е запишано како управител на новорегистрирана фирма за производство на електрична енергија во кичевски Зајас, пишува Фактор.

Шкумбин Ахмети од Зајас е одговорното лице на Друштвото за производство, трговија и услуги „Тхеас Енергу ДООЕЛ“. Сопственик на претпријатието кое извршило упис во изминатите денови е друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инжинеринг и услуги „Архитектас Пројоект Студио“ од Зајас, објави Фактор.

Read Previous

Маричиќ: Да останеме доследни на стратешката цел и да ги продолжиме преговорите со ЕУ

Read Next

Саудиски медиуми: Роналдо потпиша за Ал Наср