ноември 23, 2024

Битиќи најави тужба за клевета за Александар Николовски

Откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во дебатата во „Само вистина“ го обвини вицепремиерот Фатмир Битиќи дека неговата сопруга противзаконски прибавила средства за нејзина невладина организација, вицепремиерот најави тужба за клевета.

-Кажете ми дали се повикувате на пратеничкиот имунитет или стоите зад своите зборови?, праша Битиќи, на што Николовски одговори дека нема да се повика на пратеничкиот имунитет.

-Во тој случај следува тужба за клевета, бидејќи нема еден денар земано од сумата за која тврдите, кажа Битиќи.

Read Previous

Николоски: Владата ја одби помошта од ВМРО-ДПМНЕ да се набави гас по фиксна цена од 850 евра за цела 2023, а набавувале и за 1950 евра

Read Next

Хари Мегваер, од Манчестер се сели во Лондон?!