Репрезентациите на Хрватска и Мароко ќе се сретнат во битката за третото место на Мундијалот. За африканската селекција тоа ќе биде историска можност да стигнат до медал на СП, а Хрватите да повторат успех кој веќе го имаат постигнато.
„Во Секој Случај, Натпреварот Е Од Големо Значење И Дефинитивно Нема Да Биде Егзибициски“, Наведе „The Analyst“ Во Најавата За Мечот За Бронза.
Хрватска и Мароко одиграа 0:0 на отворањето на групата Ф. Тогаш суперкомпјутерот му даде на Мароко 24,8 отсто шанса за победа. Сега тој процент е 30,9 отсто. Хрватска и натаму е во предност и шансите за бронза и се 43,1 отсто. Процентот дека мечот ќе заврши без победник е 26 проценти.
Никогаш не се случило мечот за третото место да се решава со удари од белата точка. На досегашните 19 средби за бронзата само еднаш имало продолженија. Во 1986 година, Франција ја победи Белгија со 4-2./Makfudbal.mk/