ноември 23, 2024

Железници транспорт добија струја, долгот ќе го плати државата со пари на граѓаните

Железници Транспорт на РСМ АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес.

Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше  таква опасност со огле д дека струја им е потребна за пумпите за нафта.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претходно во изјава за медиумите најави дека Железници ќе има струја и повтори дека долгот кон ЕВН за неплатените сметки на одредени државни институции ќе биде подмирен веднаш штом во Собранието ќе  помине најавената пренамената на средствата од Буџетот.

Според него,  не треба никаква друга гаранција дека тоа ќе се исполни, бидејќи веќе го најавија и премиерот Димитар Ковачевски и други членови на Владата.

– Сметам дека веќе во овој  момент во „Железници Транспорт“ има струја. Владата не е ниту договорна, ниту облигациска страна кон ЕВН и ако ЕВН не сфаќа дека Владата не е тука страна која дава гаранции, тогаш ЕВН има навистина проблем со толкување на нивното функционирање во нашата држава. Премиерот, вицепремиерот и министерот за финансии кажаа дека ќе се платат долгови кон ЕВН и тоа е сосема доволно за било кој економски оператор да сфати дека тоа е Влада и држава и оти не треба никакви други гаранции, рече вицепремиерот Битиќи во одговор на новинарско прашање зошто досега Владата не испратила гаранција до ЕВН дека ќе го подмири долгот, откако изутрина беше исклучена струјата во „Железници Транспорт“.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други.

Read Previous

Спасовски: Има дојави за бомби, но безбедноста не е нарушена

Read Next

Нема потреба од свикување на Советот за безбедност, вели Пендаровски, институциите се максимално ангажирани