Приватните превозници ги повлекоа блокадите по дадената сугестија на премиерот Ковачевски и очекуваат средба во најскоро време. Илинденска повторно проодна за граѓаните.
Владата се огласи за деблокада на градот, нагласија дека во наредниот период ќе се разгледуваат сите аспекти на ситуацијата со која се соочуваат приватните превозници и градот, а следниот чекор е иницијален состанок на кој отворено би се разговарало за можни решенија.
Приватните превозници денеска поднеле барање до Влада запобрзо остварување на средба со премиерот, претставник од Град Скопје, но инсистираат да има претставник и од ЈСП.
Советот на Град Скопје со 22 гласа за донесе заклучок за задолжување на градоначалничката Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје во рок од една недела да достават информации за актуелната состојба во јавниот градски превоз, состојбата во ЈСП, како и на начинот на организација и реализација на јавниот градски превоз.
Додека се префрла вината, со средина се граѓаните, кои не ги интересираат никакви ветувања туку брзи и ефективни решенија.
Граѓаните за да стигнат од една точка до друга во градот потртебно им е дури и два часа за да се пробијат низ соображајниот метеж.
Приватните превозници заради неисплатениот долг од милион ипол евра од ЈСП односно Град Скопје, по неколкудневна блокада на клучни точки во Скопје, вчеравечер целосно се повлекоа, но не се повлекуваат од она што ги следува велат тие. Јавниот повик од Град Скопје за автобуските линии 20 и 22 е во тек и ќе трае до 10. јануари следната година.