ноември 22, 2024

Владата утре ќе именува нов директор на АНБ, комисијата за случајот Онишченко затечена

Агенцијата за национална безбедност утре ќе добие нов директор- на владина седница премиерот Ковачевски ќе даде предлог, кој да го наследи во наредните четири години Виктор Димовски. Независно од тоа што Димовски веќе нема да е на функцијата, собраниската комисија за надзор над работата на безбедносните служби ќе продолжи во четврток, на која опозиционерите и понатаму ќе бараат одговори како и зошто АНБ дала зелено светло за македонско државјанство за украинскиот олигарх Онишченко. Претседавачот Пренџов вели дека случајот не може да се затвори со одземање на држајанството и одговорност од еден службеник, а најави дека и понатаму ќе бараат отчет и од новиот директор.

Пренџов добил дозвола од Џафери за продолжување на затворената седница откако пристигнал извештајот од МВР за истрагата околу аудио снимката што протече на собранискиот канал кога Димовски за првпат реферираше за овој случај. Кој снимал, за која цел и дали некој ќе сноси одговорност информации за јавноста нема поради класифицираност на документите.

Иако Димовски си оди од АНБ поради завршен мандат, со пратениците ќе се соочи и на Комисијата за надворешни работи на која се очекува да ги претстави тезите пред да отпатува во Франција како македонски амбасадор. Кога ќе се одржи седницата не се знае, претседателот на ова собраниско тело кој исто така е од опозицијата Антонио Милошоски рече дека зависи од епилогот во АНБ. Од Владата засега нема најави дали евентулано поради аферата би го повлекле предлогот.

Read Previous

Ковачевски: Пензиите во 2023-та ќе растат, обезбедени се средства во буџетот

Read Next

Се повлекуваат автобусите од блокадите, ќе се даде простор на дијалогот