ноември 24, 2024

Автобус кој се враќал од екскурзија излетал во провалија во Бугарија

Автобус излетал од патот кај Свиленградското село Миладиново, пишува bTV.

Возилото се враќало од екскурзија кога од засега непознати причини излегло од патот.

Патничкиот автобус со бургаска регистрација, во кој патувале околу 43 патници, паднал во провалија покрај патот.

На местото на несреќата веднаш се испратени екипи на итната помош, полицијата и противпожарната служба од Хасково, Харманли и Свиленград. 

Според информациите, едно лице починало, а 18 се повредени.

Благодарение на интервенцијата на полицијата, сите патници се брзо извадени, некои се пренесени во болници, други се упатени на теренски преглед и им е организирано засолниште.

Алко-тестот на возачот бил негативен. На униформираните службеници им објаснил дека автобусот се излизгал на кривина.

Read Previous

Ковачевски: Судската фела да најде решение неприкосновена независност и интегритет

Read Next

За првпат на Дебарско Езеро уловена риба сончарка