ноември 24, 2024

Ковачевски: Судската фела да најде решение неприкосновена независност и интегритет

Третата власт, дали ќе излезе од тунелот на неправдата, партизираноста, неефикасноста од канџите наполитиката. Власта одбива можност за какви било притисоци – премиоерот  Ковачевски за МИА.

– Судската власт е независна власт, јас ниту сакам ниту дозволувам мешање во нивната работа. Владата во рамки на своите ингеренции, обезбедува и понатаму ќе обезбедува услови за непречено и независно функционирање на судството, но ние сите заедно како општество мора да дадеме свој придонес во решавањето на корупцијата и секако да се осигураме дека судството како фела ќе изнајде решение кое ќе е по највисоки демократски стандарди и принципи и кое ќе обезбеди и денес и во иднина неприкосновена независност и интегритет во работењето, вели Ковачевски. 

Ковачевски нагласува дека она што како Влада им е важно е да се отстрани од јавниот дискурс прашањето за политичкото или партиското влијание врз судството.

И лидерот на опзицијата денеска алармираше за корупцијата. 

– Докажавме дека по 30 години не можеме сами да поставиме систем кој ке биде функционлен а судството  конечно ке биде трета независна власт вели Борче Давитковски. 

Дека во судството работите се сложени и длабоко поврзани со корупција  на сите нивоа се согласни е експертите и полтичките партии.

На потег е сега американскиот тим за санкзии, заедно со македонските институции да влезе во борба против корупција, но останува опречката, отпорот на инволвираните во корупција и криминал, длабоко вмрежени конекции на политиката, бизносот, судството- на сите оние кои имаат моќ и ја злоупотребуваат низ години,

Read Previous

Момче нападнато во Виница

Read Next

Автобус кој се враќал од екскурзија излетал во провалија во Бугарија