ноември 24, 2024

Приватните превозници продолжуваат со блокадата на „Илинденска“ и чекаат средба со премиерот

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска прекина каква било комуникација со приватните превозници, а премиерот Димитар Ковачевски вели дека превозот во Скопје е проблем на градот, а не на Владата. Приватните превозници продолжуваат со штрајкот и утре со паркираните автобуси по булеварот „Илинденска“.

Претставниците на компаниите на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макескперес“ очекуваат помош од Владата и средба со премиерот Ковачевски. Тие велат дека уште во петокот било испратено барањето за средба.

Приватните превозници бараат да им биде платен долгот од ЈСП Скопје од 90 милиони денари. Додека тие протестираат, градоначалничката Арсовска ги раскина договорите со „Слобода превоз“ и со „Макекспрес“ и распиша јавен повик за приватни превозници за одржување неколку автобуски линии во Скопје.

Чекаме одговор од кабинетот на премиерот, и во зависност од тоа дали и што ќе договориме на таа средба со премиерот, ќе ги  одредиме нашите наредни чекори, вели претставникот на приватните превозници, Кемал Муриќ.

Возачите на автобусите на приватните превозници велат дека повеќе од 200 семејства се на раб на издржливост заради неисплатениот долг.

Read Previous

СКАНДАЛ во Велес: Професорка нападната од ученик во ОСУ „Јовче Тесличков“!!!

Read Next

Нуредини: Скопските топлани не смеат да работат на мазут