Настанот се случил во Октомври 2019 год, нападнатата професорка е со иницијали Б.С. , а директорка во тоа време била лицето О.К., која според изворот,не преземала соодветни мерки!
- Малтретираната професорка е со иницијали Б. С. од ОСУ „Јовче Тесличков“
- идентитетот на учениците кои ја малтретираат не е познат
- Настанот/булингот се случува во економското училиште во Велес – “Јовче Тесличков”
- Тогашната директорка на училиштето била лицето со иницијали О. К. а сегашен директор на истото училиште е лице со иницијали В. Т.
Уште еднаш ја потенцираме важноста на одговорните институции, обинителството и судовите дека толеранција за вакви настани не смее да постои, и бараме од МВР ургентно да почне да го разрешува овој срамен за професорската фела, но и за нашата држава , чин.
Лицето кое ни ги достави овие информации и самото видео, ќе остане анонимно, но познато само за редакцијата на Канал 5 ТВ и за надлежните институции.