ноември 23, 2024

Османи на средба со амбасадорите Рикер и Карпентер

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари заедничка средба со амбасадорот Филип Рикер, Виш советник за процесите на преговори во регионот на Кавказот при Стејт Департментот и амбасадорот Мајкл Карпентер, Постојан претставник на САД при ОБСЕ во Виена.

Тема на средбата беше претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, приоритетите и можностите кои треба да се искористат за справување со геополитичките предизвици, како и поддршката на САД во овој процес.

„ОБСЕ треба да има неминовна, би рекол, клучна улога во менаџирањето, стабилизацијата, но и во процесите на пост-конфликтното градење мир и доверба во Украина и пошироко во регионот на ОБСЕ. Како претседавач со Организацијата ќе работиме на зајакнување на улогата на ОБСЕ во оваа смисла, во поддршка на нејзината релевантност. Самите предизвици ја прават Организација денес порелевантна од било кога и наша задача ќе биде да ја зачуваме и да овозможиме адекватни услови да функционира со полн потенцијал.” – посочи МНР Османи.

Соговорниците се согласија дека функционалноста и зајакната улога на ОБСЕ, како регионална безбедносна организација, е особено потребна со цел да се овозможи теренска поддршка на обидите за прекин на воените дејствија и одржувањето стабилноста на територијата на Украина.

На средбата беше реафирмирано Стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, како и основните постулати на соработка дефинирани во Стратешкиот дијалог кој се одржа во јуни оваа година во Вашингтон. САД продолжуваат со силна поддршка за земјава, вклучувајќи ја и поддршката и во делот на за претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.

Read Previous

Аргентина е вториот полуфиналист

Read Next

Мисајловски: Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите во Општините, да ги слушнат граѓаните и да разговараат за сите идеи, проекти и така да ги направат своите буџети