ноември 23, 2024

Се чека нова црна листа на САД

На Меѓународниот ден за борба против корупцијата се очекува Вашингтон да ја прошири црната листа со функционери од регионот на Западен Балкан. Според пишувањата на дел од медиумите, на проширената црна листа на Стејт департментот би се нашле имиња на лица од политички структури, но и од правосудниот сектор од регионов. Од Антикорупциската комисија не исклучуваат на оваа листа да се најдат и функционери од земјава.

„Сите лаги или било што им сервираат дека „еве ние се бориме против корупцијата“, а и погрешни информации им даваат, сега дојдени се да слушнат со свои уши и со свои очи да видат каде се парите. // Мислам дека сега, денеска треба Американците да објават извештај дали ќе се проширува листата, црната листа и треба да видиме дали има навистина некој од Македонија“, рече Горан Трпеноски – член на ДКСК.

Read Previous

Ковачевски: Сите чинители подеднакво треба да дадат свој придонес во решавањето на корупцијата

Read Next

Владата одобри склучување на Спогодба со Албанија за бесплатен пристап до дел од пристаниште во Драч