ноември 23, 2024

Коридор 8 дел од мрежата на Европскиот коридор „Западен Балкан-Источен Медитеран”

Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори. Одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Блакан, вклучуваќи ги Република Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Активностите кон отпочнување со градба на најголемиот проект во железничката инфраструктура-изградба на пругата кон Бугарија, заедничкиот пристап на земјите од регионот како и потпишувањето на декларацијата на Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија за модерно поврзување Исток – Запад беше препознаено од страна на Советот на министри за транспорт на Европската унија.

-Стратешките планови за изградба и модернизација на овој Коридор ги презентирав и во Европската Комисија во Брисел во рамки на 6-от Министерски совет на Транспортната заедница, чии домаќин беше комесарката за транспорт на ЕУ, Адина-Јоана Валеан. Благодарност за Чешкото претседателство, силната поддршка од страна на комесарката за транспорт Валеан, министрите за транспорт од регионот и директрот на Секретаријатот на транспортната заедница, Матеј Закоњшек кои дадоа сериозни аргументи за оваа многу значајна одлука,  истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Со оваа одлука, како што е наведено во соопштението од  Министерството за транспорт и врски, европскиот транспортен Коридор 8 како дел од Коридорот „Западен Балкан – Источен Медитеран“ ќе даде дополнителна додадена вредност и можност за посилен економски раст на регионот на Западен Балкан и Европската Унија.

Read Previous

Од утре во 10 часот блокадите на автобуските превозници ќе бидат дислоцирани само пред бараките на Град Скопје

Read Next

Мицкоски на свечената академија за Свети Климент: Длабоко ме разочарува отсуството на стратегија на власта, тие се најдобрите асови на бугарската политика