ноември 23, 2024

Мицкоски на свечената академија за Свети Климент: Длабоко ме разочарува отсуството на стратегија на власта, тие се најдобрите асови на бугарската политика

Ликот и делото на Светиот Климент Охридски се длабоко врежани во нашата македонска историја и култура. Климент Охридски и после повеќе од еден милениум се уште е нераскинлив дел од меморијата на Македонија и Македонците. Така е и така ќе остане затоа што со својот живот и со својата дејност остави неизбришлив траг не само тука на овие простори, туку и многу пошироко во целиот словенски свет. Ова го порача во говорот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на свечената академија организирана од оваа партија по повод празникот 8 декември за ликот и делото на СВ. Климент Охридски.

Зборувајќи за тоа што значел Климент Охридски за Македонците, Мицкоски се осврна и на односите со Бугарија, особено за чекорите кои ги презема власта во преговорите за решавање на спорот наметнат од нивна страна.

-Нашата Света православна црква е Свети Климентова, но и нашата писменост се гради врз неговото слово, и словото на неговите учители. И мене не ме обесхрабрува таа битка да ги штитиме темелите, но длабоко ме разочарува отсуството на стратегија на заштита на тие темели од тие кои живеат во истиот наш дом, а сега се за жал уште кратко власт. Веројатно тие се најдобрите асови на бугарската политика, но лошо е што не се патрони на македонските интереси. И таквите свои компромиси болни за нацијата се многу полезни за нивните кариери затоа што на тој начин тие опстојуваат на тие места неизбрани од народот по игра на случајност сместени во фотелјите платени од тој ист народ, рече Мицкоски.

Read Previous

Коридор 8 дел од мрежата на Европскиот коридор „Западен Балкан-Источен Медитеран”

Read Next

Ковачевски на лидерскиот самит: ЕУ да не дозволи нови блокади, очекувам интеграција да се базирана на исполнети критериуми