ноември 23, 2024

ТЕЦ Осломеј вклучен во производство

ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на конзумот, соопшти ЕСМ.

Во ТЕЦ Осломеј во претходниот период се вршеа неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и каналите за јагленова прашина кои се најизложени на влијанието на користењето јаглен од различни наоѓалишта, (делумно од сопствен ископ, делумно набавен јаглен).
Застојот се искористи за санирање и на други помали дефекти воочени на останатите уреди и постројки во претходниот период кога термоелектраната работеше.

Целта на зафатите беше да имаме сигурна работа на капацитетот во грејната сезона, бидејки станува збор за термоелектрана изградена пред 42год, се додава во соопштението.

Read Previous

Во Охрид прв конгрес на нуркачи во државата

Read Next

Мицкоски: Точно знаеме, кои се криминалците од Арачиново, кои нападнаа полицајци