ноември 23, 2024

Приведено лице од Арачиново поради закани упатени по електронски пат кон вработени во интернет портал

Полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода во Скопје синоќа го лишиле од слобода Ш.М.(31) од селото Арачиново, скопско.

Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека на 1-ви декември по електронски пат испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст.

Во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read Previous

Ковачевски и Тренчевска заедно со корисниците од „Порака“ – Неготино по повод Меѓународен ден на лицата со попреченост

Read Next

Во Охрид прв конгрес на нуркачи во државата