мај 3, 2024

Пожар во Москва, загинаа најмалку седум лица

Најмалку седум лица загинаа во вчерашниот пожар што избувна во магацин за цвеќе во Москва, соопшти руската Служба за цивилна заштита.

Седум работници се спасени од пожарот, што беше изгаснат по неколку часа. Во гаснењето на огнот што зафати околу 2.500 метри квадратни учествуваа три хеликоптери, противпожарен воз и 80 пожарникари.

Според првичната истрага причина за пожарот е дефект на електричниот систем за греење на магацинот.

Read Previous

Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Крит

Read Next

Овие навики за пиење кафе ве тераат да стареете побрзо, предупредува диететичар