ноември 22, 2024

За рубриката верувале или не! Патничкиот воз вчера од Скопје до Битола патувал цели 10 часа!

Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне тргнал во 14.30 часот во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ. Патувал цели 10 часа бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила.

Oд велешката Железничка станица, причина била расипана локомотива на товарен воз во близина на село Слепче, поради што пругата била блокирана. Расипаната локомотива била повлечена од друга во 21.50 часот, кога и патничиот воз од Богомила продолжил кон Битола.

Патниците од преполниот патнички воз со три вагони, вчера реагираа на социјалните мрежи поради долгото чекање на станицата во Богомила.

Read Previous

Локални избори во Словенија

Read Next

Ангеловска-Бежовска: Штедните влогови на граѓаните пораснале за 130 милиони евра!