Според првиот вицепремиер Артан Груби е неопходно да се спроведе ветинг во обвинителството, судството и политиката, откако американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер рече дека САД се збунети од изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
„Внимателно ја слушав изјавата и мојот коментар е дека треба да има ветинг на сите нивоа на обвинителството, судството и политиката. Немам што да се согласувам или да не се согласувам со изјавите, но ви велам дека политиката на ДУИ беше, односно е да има ветинг на сите нивоа, почнувајќи од политичарите, па потоа продолжувајќи со судиите и обвинителите“, изјави Артан Груби пред почетокот на денешната седница на претседателството на партијата.
Изјавата на амбасадорката Агелер дојде откако во јавноста се појавија серија фотографии на Абази со првенци на ДУИ и други информации за негови врски со партијата на власт.
Потсетуваме дека Абази влезе во трката за шеф на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција влезе без да понуди програма и без да даде изјава за медиумите.