Уште од самиот почеток, за време на владеењето на премиерот Кирил Петков, нагло се намали одобрувањето на барањата на македонските граѓани за добивање бугарско државјанство. Ова се случува и покрај документите со бугарско потекло што ги доставиле Македонците, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Нивните барања се отфрлаат со нејасни објаснувања, а во некои случаи и без објаснување. Но, пред Министерството за правда во центарот на Софија секојдневно има десетици автомобили од цела Република Македонија со граѓани кои доаѓаат да поднесат документи за бугарско државјанство. „Протокот и бројот на барања не се намалија и покрај тензиите што се појавија. Згора на тоа, во изминатите месеци дури има и зголемување на барањата во однос на истиот период минатата година. Бугарските власти треба веднаш да ги преземат неопходните мерки“, изјави изјави висок функционер од Министерството за правда. Тој на репортерот на БГНЕС ги даде последните податоци за бројот на Македонци кои добиле бугарско државјанство во првите десет месеци. И нивниот број не надминува 1200!