„Ладничко а?“, вели Крешник Бектеши.
Температурите паѓаат, а греењето станува луксуз. Пред само осум дена вети:
„Струјата е обезбедена 100% од домашно производство на регулираниот пазар“, посочи Димитар Ковачевски.
А денес, струја купуваме. Наместо да се зголемува, домашното производство се намалува. Во моментов половина од објектите не работат. Владата советува:
„Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка“, вели Душко Арсовски.
Хидропотенцијалот се исцрпува – ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино се надвор од мрежа, а РЕК Битола функционира со само еден блок. Од синоќа блок 1 е исклучен, премиерот вели поради пукната цевка, а од ЕСМ дека тоа е поради планирани сервисни активности.
„Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември“, велат од ЕСМ.
Премиерот за ваквото менаџирање не смета дека некој треба да понесе одговорност.
„Не се работи за одговорност туку се работи за голем напор и труд кој вработените и раководителите во РЕК Битола го даваат за да го одржат РЕК Битола во функција“, порача Димитар Ковачевски.
„Уверуваме дека имаме доволно електрична енергија до крајот на годината тековното работење и секојдневното работење не треба да ги засега сите, затоа што на крајот од денот, енергетскиот биланс е тој што го кажавме пред некој месец со планот до крај годината“, додава Фатмир Битиќи.
А како после нова година?
„Како до сега“, вели Али Ахмети.