Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е неопходен прекин на огнот и мировни преговори за да се реши конфликтот во Украина.
– Јасно е дека Европа постепено влегува во таа војна, врз Унгарија сè уште не е пукано, ова што го прави Европа е многу опасно, а опасноста за Унгарија ќе расте, истакна Орбан.
Унгарија зборува со јазикот на мирот, но никој друг не ја следи таа политика, рече Орбан.
Тој за унгарското државно радио изјави дека политиката на санкции против Русија е уште еден чекор кон војна, бидејќи секој кој интервенира во конфликтот користејќи санкции, исто така зазема став кој поддржува една од страните, а со тоа го интензивира конфликтот.