ноември 23, 2024

Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури за увоз на пелети

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека до министерството се доставуваат лажни фактури за увоз на пелети, и ги повика надлежните да постапуваат.

„Министерството утрвдило дека се доставуваат лажни фактури за пелети во делот на увозот во нашаа земја, и затоа трговците на пелети се жалат со цената која е замрзната. Цената на пелети не ја утврдува министерството за економија, туку доаѓа како предлог на Македонски шуми и цените кои ги имаме од царинската управа. Во цената која е пријавена во царинската управа е 24 денари по килограм. Ако доставиле лажни фактури, и направиле договори со производителите во странство, ја повикувам УЈП да ги контролираат и веднаш да бидат санкционирани. Ако кај нас се доставуваат 24 денари, а тие не можат да ги продаваат со 27 денари, тогаш тие фактури кои се доставуваат во царинската управа се невистинити, и тоа е кривично дело“, рече Бектеши.

Read Previous

Од утре влажен бран и дождови со променлив интензитет

Read Next

Орбан: Европа постепено влегува во војна