ноември 23, 2024

Таравари пред средбата со Ковачевски: Условот да влеземе во Влада е да нема предвремени избори

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Фронтлајн.мк кажа дека неговата партија ќе влезе во составот на Владата само доколку се исполнат три услови.

– Еден од трите услови е да нема предвремени парламентарни избори пред 2024 година. Вториот услов е да имаме автономија на институциите кои ќе ги водиме, значи да нема ограничување. И третото е да има динамика, за тоа што ќе се договориме да се применува во пракса, кажа Таравари.

Read Previous

Загина велосипедист во сообраќајка на обиколницата во Скопје

Read Next

Фетаи се повлекува од трката за шеф на Вишото обвинителство во Скопје