ноември 23, 2024

До сабота релативно топло со сончеви периоди, од недела следат врнежи

Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија од влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд, над 40 литри на квадратен метар и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец од над 60 километри на час.

Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.

Read Previous

Зголемен бројот на превезени патници во јавниот превоз

Read Next

Милевски: Одлични тестови за да ги видиме нашите можности