МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ангажираше работници да ги отстранат огромните плакати на Кристијано Роналдо од предниот дел на Олд Трафорд, откако Португалецот го нападна клубот во кој се врати минатата година во интервју за Пирс Морган. Целосното интервју ќе биде објавено во среда навечер.
“Манчестер Јунајтед ме изневери, од мене направија црна овца. Немам почит кон Ерик тен Хаг бидејќи ниту тој нема почит кон мене. Луѓето мора да ја знаат вистината. Јунајтед сакаше да ме брка. Не само тренерот туку и луѓето околу клубот. Се чувствував предаден. Некои луѓе не ме сакаа во Манчестер Јунајтед, не само оваа сезона, туку и минатата“ рече Роналдо и продолжи:
“Нема напредок откако дојдов. Откако си замина Сер Алекс, клубот воопшто не еволуираше. Ништо не се промени. Навивачите треба да ја знаат вистината. Го сакам најдоброто за клубот и затоа дојдов, но некои Работите внатре во клубот не му помагаат да дојде до нивото на кое се Сити, Ливерпул и сега Арсенал. Ваков клуб треба да биде на врвот, но во моментов не е“.
После ваквите изјави, Јунајтед реши да ја тргне фигурата на Роналдо од Олд Трафорд, а Ерик тен Хаг наводно го прекрстил и повеќе не смета на него. Англиските медиуми пишуваат дека Португалецот веќе оваа зима ќе го напушти клубот, а како можни дестинации се споменуваат Баерн и Њукасл.