Министерството за внатрешни работи информира дека денешните дојави за бомби поради кои беа евакуирани седум училишта се лажни.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Во 9:30 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на електронската адереса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа