април 29, 2024

Се запали автобус во Крушево, нема повредени

На 14.11.2022 во 16.00 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Крушево настанал пожар на автобус „сетра“ со крушевски регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Крушево, со кој се превезувале работници на приватна фирма. Увид извршиле екипи на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево и ОВР Прилеп и било констатирано дека пожарот настанал во пределот на моторот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево, а повредени лица нема.

Read Previous

Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен – судењето продолжува на 23 декември

Read Next

Албанија ќе и врати 20 нелегално изнесени икони на Македонија