Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски вечерва на трибина во Гевгелија порача дека европскиот пат е под закана од деструктивните струи, но тој нема да дозволи тоа да се случи за што побара поддршка од граѓаните.
„Ова е опасност од непромислен популизам и нема да дозволам тоа да и се случи на земјата што ја сакам. Јас сум подготвен да водам, да преземам силни и одлучни чекори, но без вас не можам. Ми треба и вашата поддршка заедно да го минеме тој пат и заедно да ја оствариме оваа стратешка и македонска национална цел – полноправно членство во ЕУ“, порача Ковачевски.
Европската унија, додаде Ковачевски е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина, не смееме и нема да дозволиме да ја загрози кој било.