ноември 22, 2024

Пендаровски во Париз се сретна со романскиот претседател Јоханис

Севкупните билатерални односи меѓу двете земји што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит беа тема на разговор на денешната средба на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум меѓу претседателот Стево Пендаровски и неговиот романски колега Клаус Јоханис.

-Двајцата претседатели разговараа за европската перспектива и за актуелностите во процесот на македонската евроинтеграција. Претседателот Пендаровски упати благодарност за романската поддршка и истакна дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и остварувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Стана збор и за случувањата во регионот во однос на руската инвазија врз Украина, како и влијанијата врз поширокото соседство, при што истакнаа дека двете држави, како членки на НАТО, демонстрираат единство и меѓусебна соработка.

Read Previous

МВР: И денешните дојави за бомби во скопские училишта се лажни

Read Next

Пристигна првата репрезентација учесничка на Катар 2022