ноември 22, 2024

Републиканецот ДеСантис, можен претседателски кандидат во 2024., повторно избран за гувернер на Флорида

Републиканецот Рон ДеСантис, потенцијалниот противник на Доналд Трамп за републиканската номинација за претседателските избори во 2024 година, вчера беше реизбран за гувернер на Флорида, објавија американските медиуми.

ДеСантис, како ѕвезда во подем на тврдата американска десница, лесно ја освои Флорида победувајќи  го поранешниот гувернер Чарли Крист, поранешен републиканец кој ја смени партијата, објавија Еј-би-си и Си-ен-ен

ДеСантис, инаку поранешен војник со привлечен имиџ на семеен човек,на избирачите им нуди целосен контраст од бурниот стил на Доналд Трамп. 

Read Previous

Затворени гласачките места во САД: Проектирана победа на Републиканците во Претставничкиот дом, тесна трка за Сенатот

Read Next

Париз за одбивањето на Рим да прифати мигранти, спасени во Средоземно Море: Неприфатливо однесување