Повеќе од 70.000 вработени во 150 британски универзитети ќе штрајкуваат три дена поради платите, работните услови и пензиите, соопшти Синдикатот на универзитети и колеџи.
„Кампусите низ Обединетото Кралство ќе почуствуваат штрајк од досега невидени размери“, истакна генералната секретарка на Синдикатот, Џо Грејди во изјава објавена на неговата интернет страница.
Како што тврди Грејди, „овој спор има огромна поддршка од студентите, бидејќи тие знаат дека нивните услови за учење се работните услови за нашите членови“.
Штрајкот е најавен да се одржи на 24, 25 и 30 ноември.