ноември 22, 2024

Шест жртви во земјотрес во Непал со интензитет од 6,6 степени по Рихтер

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава Непал, соопшти сеизмолошкиот центар во државата, а локалните медиуми пишуваат дека има шест жртви.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно информираше дека станува збор за земјотрес со интензитет од 5,6 степени.

Земјотресот ги стресе граѓаните на Непал утрово во два часот по локално време, а се почувствува и во северниот дел на Индија.

Според медиумски извештаи, земјотресот е почувствуван и во Њу Делхи и блиската околина.

Read Previous

Во изборната трка за 36 гувернери во САД актуелните главно ги задржаа функциите

Read Next

Над 70.000 вработени во 150 британски универзитети на крајот на месецот во тридневен штрајк