Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников објави дека моќните американски ракетни системи НАСАМС пристигнале во Украина.
„Погледнете кој пристигна. Системите за воздушна одбрана НАСАМС и Аспид пристигнаа во Украина. Ова оружје значително ќе ја зајакне украинската армија и ќе го направи нашето небо побезбедно“, рече тој.
Резников нагласи дека ќе продолжи да соборува непријателски цели кои ги напаѓаат.
„Благодарам на нашите партнери: Норвешка, Шпанија и Америка“, најави украинскиот министер.