ноември 23, 2024

Макрон сака од „богатите неевропски” земји да го платат делот за сиромашните држави за климатските промени

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на маргините на климатскиот собир COP27 во Египет изјави дека сака да создаде притисок врз „богати неевропски” земји, особено на САД и Кина, за да го платат нивниот дел од помошта за сиромашните држави соочени со климатските промени.

„Мораме да ги имаме САД и Кина” целосно вклучени во прашањето за намалување на емисиите на стакленички гасови и финансиската солидарност, посочи Макрон во Шарм Ел Шеик за време на средбата со младите Французи и Африканци посветени на климатскиот активизам.

Според Макрон, Франција и Европа се на вистинскиот пат кога е во прашање намалувањето на емисиите, но и поголеми земји мора побрзо да постигнат јаглеродна неутралност.

На агендата на собирот во Египет ставено е и прашањето „загуби и штети”, механизмот за отштета на сиромашните држави за справување со последиците од климатските промени, а ќе се зборува и за неисполнетото ветување за 100 милијарди долари помош на земји во развој за зелена транзиција.

Read Previous

Барcелона против “Црвени Ѓаволи”, Рома со Салзбург

Read Next

Схинас: Направивме грешка со Скопје, откако ги исполни барањата, наместо да го забрзаме, го запревме процесот