На Правен факултет, во рамките на Универзитетот Св. Кирил и Методиј нема да се учи англиски јазик. Ова го откри професорот Дескоски на социјалните мрежи.
-Денес доживеав непријатно изненадување. Деканот на Правниот факултет ни соопшти на Наставно-научниот совет дека во новата Студиска програма на Правните студии најверојатно ќе отпадне предметот Англиски јазик (не не збирало со предметите). Проверив, на Правните факултети во Београд, Загреб и Љубљана (трите во првите 500 на Шангајска листа), задолжително има странски јазик (правна терминологија). Искрено се надевам дека нашиот Факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека Англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма, напиша професорот Тони Дескоски.