Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе го подобри постигнувањето на својот соиграч Лионел Меси. Французинот сега е најмладиот играч со 40 гола во Лигата на шампионите. Тој ја достигна оваа граница на 23 години, 10 месеци и 13 дена. Претходно, Меси го држеше рекордот постигнат на возраст од 24 години, 4 месеци и 8 дена.
Мбапе синоќа постигна еден од головите во победата на ПСЖ над Јувентус од 2-1. Парижаните сепак не успеаја да го задржат првото место во групата. Тие паднаа на втората позиција откако Бенфика го прегази Макаби Хаифа со 6-1 во Израел.
„Се пласиравме во осминафиналето што е главно за нас. Не ја освоивме групата, но такви работи се случуваат во фудбалот. Бевме малку несигурни на почетокот, но ова е Лигата на шампионите и победата е најважна работа. Мило ми е што постигнав гол и победивме. Ќе видиме каков противник ќе ни даде ждрепката“, прокоментира Мбапе по мечот. /Makfudbal/