Полицијата денеска во 07.00 часот на ул. „Дижонска“ во Скопје, го лишила од слобода С.С.(40) од Скопје, заради доиздржување затворска казна.
Тој, како што соопшти МВР, бил осуден на пет години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување три години и девет месеци.
Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.