ноември 23, 2024

Приведени криумчари, пронајдени 16 лица мигранти од Индија

На автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна рампа „Смоквица“, синоќа во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Б.З.(27) од Скопје и П.К.(22) од скопското село Инџиково.

При преглед во товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.З, а сопатник бил П.К., информираа од МВР, биле пронајдени 16 лица мигранти од Индија, меѓу кои едно женско лице.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а за случајот бил известен надлежен Јавен обвинител. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read Previous

Бербок: Се разгледува како може да се вклучи иранската Револуционерна гарда во терористички организации

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на протоколот на МНР кој го згреши знамето на Словенија унапреден во амбасадор во Москва