ноември 25, 2024

Најмалку 98 жртви во тропската бура „Налга“ на Филипините

Најмалку 98 лица загинаа во тропската бура „Налга“ на Филипините.

Повеќе од половина смртни случаи се регистрирани во јужниот регион Бангсаморо, главно поради свлечишта предизвикани од дождот, соопшти националната служба за вонредни состојби.

Над 60 лица се водат како исчезнати, а 69 луѓе се здобија со повреди.

Во регионот Бангсаморо загинаа 53 лица, додека 22 се водат како исчезнати.

Штетата на инфраструктурата поради обилните дождови и силните ветрови, проценета е на 13 милиони долари. 

Read Previous

Портпарол на бугарската техничка Влада: Ако сега не се формира влада, тоа нема да се случи ни за 10 години

Read Next

Украински власти: Голем руски напад врз енергетската инфраструктура на државата