Ристо Пенов е новиот министер за локална самоуправа. За неговиот избор гласаа 63 пратеници, додека 30 беа против. Веднаш по гласањето, Пенов даде свечена изјава дека ќе ги почитува Уставот и законите.
Расправата за предлогот на Владата траеше три работни дена. Мнозинството го претстави како „татко на функционалноста на град Скопје“, човек кој како градоначалник во два мандати ги реализирал новата автобуска станица, стазата на кејопт, скопскиот плоштад и други проекти. Опозицијата смета дека неговите заслуги не се толку големи и дека бил на власт за време на приватизацијата на Градски аптеки и Градскиот трговски центар.
Пенов се враќа во политиката по една деценија. Бил градоначалник на Скопје, пратеник и претседател на ЛДП.