ноември 23, 2024

Уапсено лице во близина на Капитол во чие возило било откриено оружје

Осумдесетгодишен маж од Џорџија е уапсен откако во неговото возило паркирано во близина на Капитолот во Вашингтон биле пронајдени два пиштоли и пушка.

Во соопштението на полицијата се појаснува дека лицето Тони Пејн од Тунел Хил, Џорџија, е приведен по три обвиненија поврзани со оружје.

Според првичните информации, приведениот заедно со уште две лица се наоѓал во комбе во кое било откриено оружјето, наводно со образложение дека сакал да достави документи до Врховниот суд на САД.

Двајцата негови сопатници е приведени, но се уште против нив не е покренато обвинение.

Read Previous

Столтенберг: Податоците покажуваат дека Иран ѝ доставува дронови на Русија

Read Next

Закани за поставени бомби во 5 училишта во Скопје