
Британската премиерка Лиз Трас има мали шанси да остане на функцијата до крајот на денот, изјави член на раководството на Комитетот 1922, јави телевизијата „Ај-Ти-Ви“.
„Комитетот што ги утврдува правилата за избор и замена на лидерот на Конзервативната партија се очекува да се состане подоцна во текот на денот на разговори за лидерската криза“, објави на Твитер уредникот на Внатрешната редакција на „Ај-Ти-Ви“, Пол Бренд.