Германскиот канцелар Олаф Шолц нагласи денеска дека руските напади против Украина само го зајакнуваат западниот сојуз против Москва.
„Тие само ја зајакнуваат решителноста и истрајноста на Украина и нејзините сојузници“, рече Шолц пред Долниот дом на Бундестагот.
„На крајот, руските бомби и ракетен терор е чин на очај – исто како и мобилизацијата на руските мажи за војната“, додаде Шолц.
Според него, рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите воени цели во Украина.
„Украина успешно ќе се брани и Германија ќе ја поддржува со оружје, финансиски и на сите други начини, се додека тоа е потребно“, истакна германскот канцелар.