мај 19, 2024

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Дојран

Утрово е најстудено на Попова Шапка, еден степен, а најтопло во Дојран, 14 степени.

Според УХМР, до 8:30 часот во Берово и Лазарополе се измерени два степена, во Битола 3, 4 во Маврови Анови, Крива Паланка и Струмица, 5 во Тетово, Претор и Штип, 6 во Демир Капија, Дебар и Крушево, 7 во Прилеп, 8 во Охрид и Виница, 10 во Скопје – Петровец и Куманово, 11 во Скопје – Зајчев Рид, како и 12 степени во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 20 степени. 

Read Previous

Приведени двајца криумчари, пронајдени девет мигранти од Сирија и Авганистан

Read Next

Шефот на делегацијата на ЕУ: Нема рок за Србија да воведе санкции кон Русија