Иран ветил дека ќе и обезбеди на Русија ракети земја-земја, и дополнителен број дронови, јавија западни медиуми, цитирајќи двајца високи ирански претставници и двајца ирански дипломати.
Договорот бил постигнат на 6 октомври кога првиот потпретседател на Иран, Мохамад Мохбер, двајца високи функционери од моќната иранска Револуционерна гарда и официјален претставник на Врховниот совет за национална безбедност ја посетиле Москва на разговори со Русија за испорака на оружјето.