ноември 22, 2024

Почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население

Од денеска почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население во центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите.

Како што соопшти Министерството за здравство, заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, а досега се веќе пријавени над 27 илјади граѓани.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, потсетуваат од Министерството и додаваат дека испратиле допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

Read Previous

Премиерот Ковачевски и владина делегација во Обединети Арапски Емирати

Read Next

Белорусија соопшти дека не е во состојба да го исплати долгот поради санкциите