ноември 23, 2024

САД со нов пакет воена помош за Украина вреден 725 милиони долари

САД денеска ќе објават нов пакет помош за Украина во висина од 725 милиони долари, што ќе вклучува муниција и воени возила.

Како што јавија дел од американските медиуми, новиот пакет е прва воена помош за Украина по обемните ракетни удари на Русија врз низа украински градови.

Според официјани лица кои побарале анонимност, роковите за доставка на новиот пакет помош како и конкретната содржина може да се променат.

Се прецизира дека пакетот не содржи противракетни системи, какви што може да се видат деновиве снабдени од сојузниците, но дека е разработен за засилување на способноста на Украина да ги одбива руските напади кога нејзините сили се во контраофанзива. Ова придонесе големи територијални освојувања на војската на Украина во изминатите недели.

Read Previous

Шекеринска во Берлин избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти

Read Next

Прескокнување јаже или трчање? – Експертите пресметаа кое вежбање троши повеќе калории