Изјавите на високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, укажуваат дека западните земји не се подготвени да понудат сеопфатна поддршка за Украина и го доведуваат светот на раб на нуклеарна апокалипса, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Тврдењата за можноста за руски нуклеарен напад врз Украина што ги изнесе Борел не се ништо повеќе од параноја. Да ја оставиме паранојата за руски нуклеарен напад на неговата совест“, рече Медведев коментирајќи ја забелешката на Борел дека Западот ќе даде моќен, но ненуклеарен воен одговор во случај на руски нуклеарен напад врз Украина, пренесува руската новинска агенција ТАСС.